
jas ne sum
@jas_sme_
Followers
4K
Following
7K
Media
818
Statuses
11K
https://t.co/RTfttPkwI0
Joined March 2012
Денес, ви ја претставувам платформата што ја креирав за јавна уметност во Скопје: https://t.co/UlZwVNjitR Ја создадов со љубов и посветеност, за да ви служи како дигитален водич низ уметничките дела на градот. За секое дело генерирав и поставив QR кодови покрај самите дела. 🧵
museumofpublicart.com
Градот зборува преку уметноста. СКЕНИРАЈ И ДОЗНАЈ ЈА НЕГОВАТА ПРИКАЗНА. Платформа создадена за да ги доближи јавните уметнички дела до сите нас. Скенирај QR-код
29
201
464
Колку е убаво кога те има по европски престижни настани! Саемот на книга во Франкфурт нека ечи и ѕвечи во сјајот на македонските современи авторки и автори и розовите очила нека отворат нови глетки 💓💓 Безмерно благодарам на Македонска асоцијација на издавачи 🌻
19
32
271
Потоа вие ќе го залепите QR кодот а јас на страницата за споменикот со симболична реченица ќе се заблагодарам и известам кој го мапирал споменикот :) Споменикот до кој стојам се вика Изградба - симболично затоа што со овој проект градиме нова заедница - таква што се грижи ❤️
1
4
24
Кога ќе го пополните формуларот кој се наоѓа на линкот https://t.co/ZufQcAPPQ3 ќе добиете повратен маил со инструкции како да постапите. Откако ќе биде проверена и одобрена содржината, јас ќе креирам QR кодови и ќе се договориме како да ви ги доставам на вас (веројатно по пошта)
museumofpublicart.com
Мапирај Уметност
1
3
10
Јас само ја иницирав идејата, ја отворив вратата, и со неколку QR кодови покажав како може да изгледа еден поинаков начин на поврзување со уметноста во градот и во која насока може да размислува секој - од денес се што правам јас - можеш да правиш и ТИ
1
2
15
Кога го започнав проектот мојата крајна цел не беше да креирам простор што ќе нè потсети дека јавната уметност не ѝ припаѓа на поединецот, туку на сите нас. Од почеток верував дека ова треба да биде заеднички потфат и мрежа на луѓе што гледаат, истражуваат, слават и паметат.
1
1
12
Од денес, https://t.co/vNSY7Wb6U2 не е само мој проект - од денес ова е НАШ проект во кој секој може да има свој придонес. На сајтот има нова страница на која се наоѓа формулар, преку пополнување на формуларот секој може да мапира уметнички дела и споменици насекаде.
3
32
89
Да знаев до кога трае изложбата во Национална Галерија ќе го пратев и таму :)) ако некој знае нека пише
1
2
10
Го бомбардирав со информации Ибрахим ко да ме плаќа државава хахаха
1
1
29
Знам дека никој од вас не се сомневаше дека ќе ширам пропаганда за уметноста во Скопје и убавините чим почнам разговор со реномиран светски современ уметник 😂
1
6
70
Али дека Ибрахим ми пиша на Инстагам и ми се заблагодари што сум го промовирала и плус ми шерна стори целосни напишано на македонски ми е преоткачено
0
3
22
Епа утре т.е. веќе е покриена и фасадата на Музеј на Современа уметност во Скопје. Сведочиме историски момент за нашата современа уметност. Утре се гледаме во МСУ во 18:00 да го просведочиме ова во живо :))
4
4
25
Исто како и Christo, го покри музејот во Берн (се сеќавате ви пишував за ова во нишката за Christo- тоа му е прва покриена зграда и скицата од тоа дело ни ја подари на нас во Скопје и стои во МСУ)
1
2
16
Инаку во 2019 Ибрахим ги покри портите во Милано, во 2020 Мichigan Museum of Art, Во 2023 го покри Kunsthalle, Osnabrück во Германија, а минатата година го покри мојот омилен Barbican во Лондон
1
2
18
Затоа утре не го пропуштајте овој настан. Утре, Скопје ќе стане сцена на глобален уметнички дијалог и дел од светската современа историја
1
7
25
Неговите дела, како и оние на Кристо, се привремени, но нивното влијание е длабоко и трајно. Тие не само што ја преобликуваат архитектурата, туку и начинот на кој ја доживуваме реалноста, трудот и заедништвото.
1
2
13
Но, додека Кристо го истражуваше поетското и филозофското во привременоста, Махама додава социјална и политичка димензија го насочува вниманието кон историите зад материјалите и кон невидливите луѓе што стојат зад нив.
1
2
15
Како и кај Christo, тука не станува збор за уметност што се гледа само во галерија туку за трансформација на просторот и искуството.
1
2
15
Епа токму утре, фасадата на МСУ Скопје ќе биде обвиткана со овие вреќи - дело што не само што ќе ја трансформира архитектурата на музејот, туку и ќе го поврзе Скопје со глобалниот јазик на современата уметност. Ќе имате можност и лично да го запознаете уметникот
1
3
20
Секоја вреќа носи траги од трудот, трговијата и историјата на луѓето кои ја користеле станува симбол на економските и политичките текови што ја обликуваат современата Африка.
1
2
17
Махама е познат по тоа што користи стари џутени вреќи- материјали што некогаш служеле за транспорт на какао, јаглен и други стоки и со нив обвива јавни згради во голем број градови низ светот.
1
2
15