Останав да живеам со моите оти знам како ме гледаа. Од лебот делеа за јас да студирам. Татко ми со здравствени проблеми уште јас кога бев 7мо одд. Цела фамилија на грб на мајка ми. Работам од 18 год за да можам дома да ѝ помогнам на мајка со сметки и за живот. 1/х
Ве слушам два дена ламентирате и серете за децава кога си оделе. Во каква држава живеете? Дали знаете кои се шансите на млад брачен пар да дојде до стан, ако нема наследен или има богати родители? Па 33 е рано бе, 70% од луѓето работат цел животен век и нема за стан. Реалност.
Не се срамам воопшто. Работев и студирав. Не заминав странство не дека немав прилики и немаше да успеам таму, напротив, знам многу добро што можам и умеам. Ама, останав за да им помагам. Не само финансиски. Психичката поддршка и тоа што бев тука им помагаше најмногу. 2/х
И да, не се каам за ништо. Можеби финансиски ќе имав повеќе, ама времето што го поминав со моите, секоја прегратка, разговор, насмевка, сега ми значат како никогаш повеќе. Ете, тато немаше век, тоа што бев тука и поминав време со него, ниедни пари нема да ми го вратат. 3/х